communautaire -...

19
23 51. Иако пропагира реформи во различни сектори, владината програма става акцент на растот и вработеноста и наведува дека „силната економија е основа за се“. Со планот се поддржува постигнувањето побрз, одржлив раст како средство за создавање работни места и подобрување на животниот стандард. Конкретно, „Стоте чекори― како основи за растот ги утврдуваат макроекономската стабилност, одржливото ниво на долгот и ниските даноци. Но, ги препознаваат и комплементарните услови како што се поволното деловно опкружување, поефикасен земјоделски сектор, подобрена инфраструктура и подобри образовни и здравствени системи. Програмата се стреми кон „чесност― во владеењето и како централни ги утврдува реформите за зајакнување на известувањето од страна на владата, судските услуги и антикорупциските активности. Низ сите сектори, во Планот се даваат приоритети на надградувањето на практиките и системите во јавниот и во приватниот сектор во согласност со условите за влез во ЕУ, наведени во европското законодавство. Стратегијата доби силна поддршка во јавноста. 52. Освен широките национални цели кои се погоре опишани, ПЈР Македонија јасно го утврди својот пат кон членство во ЕУ. Тоа го направи преку поддршка на документи за политиките вклучувајќи го и Националниот развоен план кој служи како основа за пристапување до фондовите на ЕУ, 13 и Националната програма за усвојување на acquis communautaire (НПАА). НРП се заснова и ја надградува програмата на владата со фокус на исполнувањето на условите на ЕУ во клучните области; НПАА е детален план со определена временска рамка за усвојување на национално законодавство и други обврски за прием. Како такви, обата документа обезбедуваат рамка за прилагодување на поддршката од ГСБ. IV. СТРАТЕГИЈА НА ГРУПАЦИЈАТА НА СВЕТСКА БАНКА A. Искуства и научени лекции 53. Поддршката од Групацијата на Светска Банка преку СПЗ за ФГ07-ФГ10 беше високо релевантна за сите столбови на СПЗ: (1) поттикнување на економски раст кој создава нови работни места и (2) подобрување на управувањето и на транспарентноста. Овие две области останаа централни за развојната агенда на ПЈР Македонија и активностите на групацијата на Банката се дизајнирани да обезбедат директна поддршка преку насочени интервенции. 54. Во извештајот за извршувањето на СПЗ за ФГ07-10 (ИИСПЗ) се проценуваа резултатите за четири „кластери на резултати“ поврзани со столбовите на СПЗ и со пристапувањето во ЕУ. Кластерите кои се воведени со извештајот за напредокот на СПЗ за подобрување на синергијата и следењето на програмите ги опфатија: 1) растот и конкурентноста, 2) деловното опкружување, 3) човечкиот развој и 4) инфраструктурата. 13 НРП е дизајниран да (1) иницира инвестиционо програмирање во согласност со практиките на ЕУ за повеќегодишни програми и (2) ја подобри конзистентноста на секторското програмирање кај јавните инвестиции. Во него се оценува постојната економска, социјална и еколошка состојба и се утврдуваат клучните развојни/инвестициски приоритети на национално ниво. Конечно, НРП утврдува среднорочно планирање на сите инвестиции кои се очекува да бидат барем делумно финансирани од домашни или странски јавни фондови.

Transcript of communautaire -...

Page 1: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

23

51. Иако пропагира реформи во различни сектори, владината програма става акцент

на растот и вработеноста и наведува дека „силната економија е основа за се“. Со планот

се поддржува постигнувањето побрз, одржлив раст како средство за создавање работни места

и подобрување на животниот стандард. Конкретно, „Стоте чекори― како основи за растот ги

утврдуваат макроекономската стабилност, одржливото ниво на долгот и ниските даноци. Но,

ги препознаваат и комплементарните услови како што се поволното деловно опкружување,

поефикасен земјоделски сектор, подобрена инфраструктура и подобри образовни и

здравствени системи. Програмата се стреми кон „чесност― во владеењето и како централни ги

утврдува реформите за зајакнување на известувањето од страна на владата, судските услуги и

антикорупциските активности. Низ сите сектори, во Планот се даваат приоритети на

надградувањето на практиките и системите во јавниот и во приватниот сектор во согласност

со условите за влез во ЕУ, наведени во европското законодавство. Стратегијата доби силна

поддршка во јавноста.

52. Освен широките национални цели кои се погоре опишани, ПЈР Македонија јасно

го утврди својот пат кон членство во ЕУ. Тоа го направи преку поддршка на документи за

политиките вклучувајќи го и Националниот развоен план кој служи како основа за

пристапување до фондовите на ЕУ,13 и Националната програма за усвојување на acquis

communautaire (НПАА). НРП се заснова и ја надградува програмата на владата со фокус на

исполнувањето на условите на ЕУ во клучните области; НПАА е детален план со определена

временска рамка за усвојување на национално законодавство и други обврски за прием. Како

такви, обата документа обезбедуваат рамка за прилагодување на поддршката од ГСБ.

IV. СТРАТЕГИЈА НА ГРУПАЦИЈАТА НА СВЕТСКА БАНКА

A. Искуства и научени лекции

53. Поддршката од Групацијата на Светска Банка преку СПЗ за ФГ07-ФГ10 беше

високо релевантна за сите столбови на СПЗ: (1) поттикнување на економски раст кој

создава нови работни места и (2) подобрување на управувањето и на транспарентноста.

Овие две области останаа централни за развојната агенда на ПЈР Македонија и активностите

на групацијата на Банката се дизајнирани да обезбедат директна поддршка преку насочени

интервенции.

54. Во извештајот за извршувањето на СПЗ за ФГ07-10 (ИИСПЗ) се проценуваа

резултатите за четири „кластери на резултати“ поврзани со столбовите на СПЗ и со

пристапувањето во ЕУ. Кластерите кои се воведени со извештајот за напредокот на СПЗ за

подобрување на синергијата и следењето на програмите ги опфатија: 1) растот и

конкурентноста, 2) деловното опкружување, 3) човечкиот развој и 4) инфраструктурата.

13

НРП е дизајниран да (1) иницира инвестиционо програмирање во согласност со практиките на ЕУ за

повеќегодишни програми и (2) ја подобри конзистентноста на секторското програмирање кај јавните

инвестиции. Во него се оценува постојната економска, социјална и еколошка состојба и се утврдуваат

клучните развојни/инвестициски приоритети на национално ниво. Конечно, НРП утврдува среднорочно

планирање на сите инвестиции кои се очекува да бидат барем делумно финансирани од домашни или

странски јавни фондови.

Page 2: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

24

Раст и конкурентност: Знаењата и советодавните производи на Банката помогнаа да се

зајакне разбирањето на властите за клучните фискални и економски предизвици. Примери

за тоа се Проценка за финансиската одговорност на земјата (ПФОЗ) која даде оценка на

финансискиот менаџмент и системите за јавни набавки и Прегледот на јавните расходи за

ФГ08. Економскиот меморандум за земјата (ЕМЗ) беше направен во ФГ09 со детална

анализа на ограничувањата за одржливиот развој во ПЈР Македонија и стратегиите за

поттикнување на инвестициите во физички и во човечки капитал. Банката го финансираше

и развојот на Стратегијата за индустриските политики (прва од овој вид од независноста

во 1991 година). Целта на оваа Стратегија е да ги усогласи индустриските политики со

Лисабонската стратегија на ЕУ за раст и работни места, да ја зголеми конкурентноста на

националната економија и да се изгради општество базирано на знаење. Исто така, со

инвестициска операција се надградија земјоделските стандарди и институции за да се

усогласат со условите за пристап во ЕУ. Како одговор на светската економска криза,

Банката обезбеди навремена незаемска помош преку Белешката за политиките за одговор

на кризи за ФГ09.

Деловна клима: Банката и ИФЦ помогнаа да се скратат и поедностават процедурите за

регистрација на бизнисите и другите комерцијални процедури, особено преку

„Регулаторната гилотина― истовремено зголемувајќи ја ефикасноста и транспарентноста

на судството, вклучувајќи го управувањето со предметите и разрешувањето на

комерцијалните спорови. Банката, исто така, помогна да се подобри флексибилноста на

нејзиниот пазар на работна сила преку насочени белешки за политики и да се зајакне

земјишната администрација преку фокусирани студии за Пристапот до земјиште за

инвестиции и сигурноста на владеењето на земјиштето, Студијата за пазарот на земјиште,

Студијата за нелегални објекти, Пилот вежбата за попис на државното земјиште во

урбаниот дел на Струмица, итн. Сите тие дадоа основа за успешен проект за катастар на

недвижности.

Човечки развој: Помошта на Банката помогна да се зајакне пристапот и квалитетот на

основното и на средното образование и го поттикна централното и локалното планирање

низ тековните напори за децентрализација. Инвестициите ги зајакнаа одржливоста и

финансискиот менаџмент на здравството и го подобрија пензискиот систем и

администрацијата на правата на бенефиции. Програмската проценка на сиромаштијата

(ФГ09) и Регионалната студија за мрежите за сигурност во Западен Балкан (ФГ10)

помогнаа да се разберат контурите на сиромаштијата во земјата и регионот пошироко и да

се зголеми капацитетот на владата за прибирање и користење на податоците од анкетите.

Во рамките на нејзината програма за образовниот сектор, Банката го финансираше

развојот на Прегледот на секторските прашања и потребите за идни интервенции во

високото образование во ПЈР Македонија и истражувањето.

Инфраструктура: Инвестициите помогнаа да се модернизираат управувањето и

работењето на железниците во земјата и да се подобри мрежата на регионални и локални

патишта како и автопатот до Србија. Незаемската помош играше значајна улога во

подобрувањето на ефикасноста на железничкиот сектор. Банката го финансираше развојот

на Техничка белешка за состојбата на железничкиот сектор и препораките за подобрување

на оперативното и на финансиското работење. Со Прилагодлив програмски заем (ППЗ) се

подобри инфраструктурата за пренос на електричната енергија и се унапреди цврстото

планирање и регулирање на енергијата. Помалку од задоволителните оценки во кластерите

за човековиот развој и инфраструктурата им се припишаа на мешовитите резултати за

показателите и одложувањето на програмата од Глобалниот инструмент за животната

Page 3: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

25

средина (ГЕФ) со која се поддржуваат обновливата енергија и енергетската ефикасност.

Оценката на водостопанскиот сектор помага да се зајакне институционалниот капацитет и

да се утврдат потребите за водоснабдување и условите за инвестирање за да се справи со

се поголемиот недостиг на вода на југоистокот на земјата.

55. Светска Банка има портфолио од 14 заеми и четири грантови со вкупен износ од

337,4 милиони долари во обврски. Проектот за катастар на недвижности и регистрација од

ФГ05 е рангиран како високо задоволителен. Три проекти - Проектот за реформа на деловното

опкружување и институционално зајакнување (БЕРИС) од ФГ05, Проектот за одржлива

енергија ГЕФ од ФГ07 и Проектот за условени парични трансфери од ФГ09 се рангирани како

умерено незадоволително или незадоволителни. Еден проект – Правна и правосудна

имплементација од ФГ07 се смета дека е под ризик. Стапката на повлекување во ФГ09 беше

13 проценти, главно како резултат на одложеното повлекување како резултат на бавното

спроведување на портфолиото за време на изборите во земјата и почетното одложување на

спроведувањето на Проектот за локални патишта во ФГ08. На крајот на ФГ10 стапката на

повлекување беше 17,4 проценти.

Табела 3: Резултати на портфолиото – состојба на 1 јули 2010 година

Сектор Име на проектот Одбор

Ревидира

но

затворање

ИДА/

ИБОР

мил.

УСД

Пов.

(%)

Стар

ост

(год)

После

дна

рата

После

дна

ДО

ЧР

МОД. НА ОБРАЗОВАНИЕ Дек 2003 Дек 2010 5 80 6,4 S MS

СОЦ. ЗАШТИТА Мај 2004 Мај 2011 9,8 72 6 S MS

УСЛ. ПАРИЧНИ ТРАНСФЕРИ Јуни 2009 Фев 2014 25 5,8 0,9 MU S

УПР. ЗДР. СЕКТОР Мај 2004 Дек 2010 10 58 6 S S

СР

ЕЦСЕЕ АПЛ #3 (F Jan 2006 Мар 2011 25,0 52 4,3 MS MS

КАТ. НА НЕДВ. И РЕГ. Мар 2005 Дек 2013 26,1 49,4 5,1 HS HS

РЕФОРМА НА ЖЕЛЕЗНИЦИ Сеп 2005 Окт 2010 19,4 75,2 4,6 S S

ТТФСЕ 2 Мај 2007 Сеп 2011 20 49,5 2,9 S S

РЕГ./ЛОКАЛНИ ПАТИШТА Мај 2008 Јули 2013 105,2 24,1 2 S S

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЗЕМ. Јуни 2007 Сеп 2011 20 62,5 2,9 MS S

РАЗВОЈ НА ОПШТИНИ Мар 2009 Дек 2014 25 3 1,1 MS S

ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА Дек 2006 Мар 2011 12,7 3,4 U MU

ПРЕМ ПРАВНА/ПРАВОСУДНА

ИМП. Јуни 2006 Јули 2011 12,4 33,8 3,9 MS MS

ПФ РЕФОРМА НА ДЕЛ. ОПКР. Јуни 2005 Дек 2010 11,3 24,7 5 MU MU

319,7 35,5 3,9

56. Постојните аранжмани на финансискиот менаџмент ќе продолжат да се користат

за спроведување на проектите бидејќи досегашното спроведување било задоволително.

Паралелно, ќе се оценат можностите за проширување на употребата на системите на земјата

во дополнителни области поврзани со финансискиот менаџмент. Досега, системите во земјата

се користеа во областа на протокот на средства преку трезорот и Народната банка наместо

преку комерцијалните банки. Исто така во многу проекти, државни службеници се

назначуваат да работат на нивното спроведување. Во претстојната СПЗ ќе се оценат

можностите за употреба на системите во земјата во други области како што се надворешната

ревизија, внатрешната контрола и внатрешната ревизија. Особено фокусот ќе се стави на

Page 4: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

26

подобрата употреба на трезорското сметководство и известување за проектни цели наместо за

создавање паралелни двојни системи за сметководство и известување во рамките на

единиците за спроведување.

Извештај за извршувањето на СПЗ за ФГ07-10

57. Од спроведувањето на СПЗ за ФГ07-ФГ10 се научија следните лекции:

Помошта од Банката за поддршка за пристапувањето кон ЕУ е во голем дел успешна

и треба да продолжи и со следната СПЗ. Поддршката од Банката беше особено корисна

во делот на усогласувањето на владините политики со условите на ЕУ. На пример,

Проектот за зајакнување на земјоделството од ФГ07 го зајакна капацитетот на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) да повлекува и

следи фондови за рурален развој на начин кој е во согласност со стандардите на ЕУ,

вклучувајќи ги и средства на ЕУ наменети за земјоделците.

Фокусот на давањето координирана поддршка од развојните партнери на ПЈР

Македонија овозможи поголемо влијание и поголема селективност. За да се зголеми

ефективноста на надворешната поддршка, Владата и нејзините меѓународни партнери се

договорија за заеднички акционен план за спроведување на концептот на пристап базиран

на програми (ПБП) во ПЈР Македонија, почнувајќи со пет програмски области: деловно

опкружување/конкурентност, човечки развој, земјоделство, животна средина и

управување. Светска Банка во тесно партнерство со Делегацијата на ЕУ играше критична

улога во поддршката на преминот кон ПБП и во обезбедувањето експертско водство.

Помошта од Светска Банка ја стави земјата во позиција подобро да ги планира и

апсорбира претпристапните фондови на ЕУ. ЕУ одлучи да почне да ги поврзува фондовите

од Претпристапниот инструмент (ИПА) со секторскиот пристап, почнувајќи од 2011

година.

Зголемената соработка помеѓу Светска Банка и ИФЦ промовираше синергија и ги

подобри развојните резултати. На пример, Банката и ИФЦ во 2009 година воспоставија

―one-stop-shop‖ пристап за поддршка кој се стреми да ги интегрира и координира

советодавните услуги на Групацијата на Банката за да се подобри деловното опкружување

и конкурентноста на земјата. Како резултат на успехот на оваа и на други програми со оваа

СПЗ ќе се продолжи со поттикнување и зајакнување на синергијата во Групацијата на

Банката преку вклучување на вработени во Банката во фази за концепт на советодавните

услуги на ИФЦ и поддржување на консултациите Банка-ИФЦ за клучните активности

поврзани со знаењата и аналитичките активности.

Напорите за заедничко разгледување и следење на спроведувањето на СПЗ дадоа

резултати и треба да продолжат и со следната СПЗ. Банката и Владата воспоставија

успешен заеднички механизам за следење на спроведувањето на портфолиото – Алатка за

оценка на спроведувањето на СПЗ. Секое тримесечје, вработените во Министерството за

финансии и во Банката ги утврдуваат краткорочните и среднорочните меѓници за

портфолиото, клучните тесни грла и предлагаат активности кои треба да ги преземат

Банката и Владата за да се зајакне спроведувањето. Потоа, портфолиото се разгледува на

редовните владини седници, а заклучоците се пренесуваат на Банката и на министерствата

во форма на владини одлуки.

Page 5: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

27

Поедноставениот дизајн на проектите кој точно го отсликува ограничениот

капацитет во земјата може да го подобри извршувањето на портфолиото. Некои

операции на Банката имаа премногу сложен дизајн, особено во дефинирањето на

очекуваните резултати, а во некои случаи оваа сложеност резултираше и со одложување

на спроведувањето. Проектот на ГЕФ за одржлива енергија од ФГ07, кој беше

преструктуиран во јуни 2010 година е пример за тоа. Реалистичното оценување на

владиниот капацитет и на роковите за спроведување се важни бидејќи Банката избра да ги

избегнува самостојните единици за спроведување на проектите (ЕСП) како дел од

напорите за зајакнување на националните институции за спроведување проекти.

Флексибилноста беше критична за СПЗ ФГ07-ФГ10 и ќе биде основна и понатаму.

Банката можеше брзо да одговори на барањето на Владата да го зголеми износот за

Проектот за регионални патишта од 25 милиони на 105 милиони УСД и во почетокот на

2009 подготвуваше ЗРП кој ќе одговори на се поголемата економска и финансиска криза.

Со понатамошното консолидирање на портфолиото ќе се подобрат резултатите и ќе

се обезбедат ресурси за навремен аналитички менаџмент. Со консолидацијата подобро

ќе се искористат ресурсите на Банката и управувачките капацитети на Владата, ќе се

ослободат оскудните меѓународни ресурси за поголема аналитичка и советодавна работа

со Владата за новите предизвици и ќе и се овозможи на Банката селективно да се фокусира

на развивањето координирани програми со други меѓународни партнери.

Партнерство и учество

58. Групацијата на Банката продолжува да биде значаен развоен партнер на ПЈР

Македонија со повлекувања од околу 50 милиони УСД годишно. Освен тоа, портфолиото

на Банката привлече уште околу 40 милиони УСД во грантови или кофинансирање од други

извори и повеќе од 100 милиони УСД во паралелно финансирање. На пример, Проектот за

модернизација на образованието привлече кофинансирање од 2,5 милиони УСД за секој долар

финансирање од Банката; а паралелното финансирање од ЕБОР во износ од 70 милиони УСД

скоро го достигна износот од 105 милиони УСД од Банката наменет за регионални и локални

патишта. ПЈР Македонија има солидни резултати од употребата на фондовите за

подготвување проекти, користејќи околу 4 милиони УСД за подготовка на седум проекти од

постојното активно портфолио.

Табела 4: Преглед на развојните партнери на ПЈР Македонија

Партнер

Сектор / тематски области

Дел

ов

но

оп

кр

уж

ув

ањ

е

Оп

шти

нск

и у

слу

ги

Ко

нк

ур

ентн

ост

Су

дск

и р

ефо

рм

и

Тр

ан

сп

ор

т

Им

отн

и п

ра

ва

Об

ра

зов

ан

ие

Зд

ра

вств

о

Со

ци

јал

на

заш

ти

та

Зем

јод

елст

во

Во

до

сто

па

нств

о

Кл

им

атск

и

пр

ом

ени

Ен

ер

гетск

а

ефи

ка

сно

ст

Цв

рст

отп

ад

ЕК x x x x x x x x ЕИБ x x ЕБОР x x x x

Page 6: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

28

Партнер

Сектор / тематски области

Дел

ов

но

оп

кр

уж

ув

ањ

е

Оп

шти

нск

и у

слу

ги

Ко

нк

ур

ентн

ост

Су

дск

и р

ефо

рм

и

Тр

ан

сп

ор

т

Им

отн

и п

ра

ва

Об

ра

зов

ан

ие

Зд

ра

вств

о

Со

ци

јал

на

заш

ти

та

Зем

јод

елст

во

Во

до

сто

па

нств

о

Кл

им

атск

и

пр

ом

ени

Ен

ер

гетск

а

ефи

ка

сно

ст

Цв

рст

отп

ад

УСАИД x x x x x x x x x Германија x x x x Јапонија x x x x x Холандија x x x x x x Шведска x x x x x Норвешка x x Австрија x x x x x x x x Швајцарија x x x ВБ x x x ООН x x x x x x

59. Банката ќе продолжи да дава координирана поддршка преку ПБП. Владата почна

со ПБП во пет програмски области: деловно опкружување/конкурентност, човечки развој,

земјоделство, животна средина и управување. Целта беше подобро да се искористи

меѓународната развојна помош вклучувајќи го и капацитет на земјата за апсорпција на

претпристапните фондови на ЕУ. Понатаму, Банката и ИФЦ, со Владата треба да продолжат

да ги истражуваат иновативните начини за зголемување на јавното и приватното развојно

финансирање во клучните области и да ја продлабочат соработката со ЕК за да се осигурат

дека глобалните знаења на Групацијата на Банката може да продолжат да даваат информации

за развојните напори на земјата.

Консултации

60. Надворешните консултации дадоа поддршка на подготовката на СПЗ. Со

состаноците помеѓу Банката и министрите во текот на 2009 и 2010 година се почна со

процесот на консултации за новата СПЗ. Овие консултации продолжија во март 2010 година

со состанокот на потпретседателот на ЕЦА и претставници на ИФЦ со избрани министри под

водство на заменик премиерот и министерот за финансии на кој се разгледаа развојните

приоритети и рамката на СПЗ. Консултациите со претставниците на политичките партии се

направија во мај и јуни преку состаноци со најголемите парламентарни групи. Овие

консултации беа критични за да се осигури дека програмата се фокусира на националните

приоритети и ја има поддршката од чинителите. И покрај разликите во платформите на

партиите, овие консултации демонстрираа општ консензус за приоритетите поврзани со

економскиот раст, пристапот во ЕУ и одржливиот развој. Во истиот период, канцеларијата во

земјата се зафати со фокусирани консултации со други чинители. Процесот на консултации

почна со Анкетата на клиентите (Поле 5) и продолжи со работилници со фокус групи

организирани во различни региони на државата. Учесниците во овие работилници,

претставници на локалните власти, приватниот сектор и на организации на граѓанското

општество се согласија дека економскиот раст, подобрувањето на инфраструктурата и на

Page 7: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

29

деловното опкружување, како и напорите за привлекување инвестиции, треба да бидат главен

приоритет на помошта од Светска Банка.

61. Групацијата на Банката ќе продолжи да го проширува опсегот и комуникациите

за да ги зајакне партнерствата во спроведувањето на новата СПЗ. Средствата за

комуникација се интернет страницата на канцеларијата во земјата, Центарот за информирање

на јавноста (ЦИЈ) во Светска Банка и Глобалната мрежа за учење на далечина (ГМУД) преку

соработката помеѓу Светска Банка и Британскиот совет. Банката ќе продолжи да ги поддржува

активностите на граѓанското општество преку Фондот за граѓанско општество како и преку

директно вклучување во подготовка и следење на проекти.

Б. Области на ангажирање

62. Целта на СПЗ за ФГ11-14 е да поддржи побрз, посеопфатен и поеколошки раст,

истовремено помагајќи го пристапот во ЕУ. Со СПЗ се фокусира поддршката на

Групацијата на Банката во три области на ангажирање: (1) побрз раст – конкурентност; (2)

посеопфатен раст – можност за вработување и социјална заштита и (3) поеколошки раст –

еколошка одржливост и климатски акции. Во овие три области СПЗ се очекува да придонесе

за конкретните развојни резултати. За време на првата половина од времетраењето на СПЗ

придонесот за овие резултати ќе дојде главно од интервенциите кои продолжуваат од СПЗ за

ФГ07-ФГ10. Резултатите во подоцнежните години се очекува да дојдат од нови активности

кои се утврдени со новата СПЗ. Во Табелата 5 е даден преглед на тековните и планираните

инвестициски операции и советодавни активности во СПЗ за ФГ11-14.

Page 8: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

30

Поле 5. Главни наоди на анкетата на клиентите

Во мај 2010 година, 500 чинители беа поканети да учествуваат во анкета за улогата на Банката во

ПЈР Македонија. Учесниците беа извлечени од националните и локалните власти, билатералните и

мултилатералните агенции, приватниот сектор, НВО, медиумите, синдикатите, академските

кругови или истражувачките институти и од судството. Во Анкетата учествуваа вкупно 240

учесници (48%), од кои повеќе од половината беа вработени во министерствата. Анкетираните

беа прашани за улогата на Банката како и за општи прашања со кои се соочува земјата (повеќе

детали може да најдете во Анексот 3).

Запознаеност: Анкетираните генерално беа запознаени со Банката, а 58 проценти од нив кажале

дека имале активности или ја набљудувале Банката подолго од три години.

Општото опкружување на ПЈР Македонија. Анкетираните беа помалку оптимистични за

земјата отколку во 2006 година. Тоа може да е резултат на светската финансиска криза и на

несигурноста во регионот на ЕЦА.

Развојни приоритети: Големо мнозинство кажа дека економскиот раст е најважен развоен

приоритет за ПЈР Македонија – 67 проценти го ставиле на прво или на второ место, следен од

пристапот во ЕУ со 49 проценти. Исто така, растот и вработеноста беа утврдени како приоритет

број еден за намалување на сиромаштијата. Што се однесува до тоа што е неопходно за

стимулирање на растот, деловната клима, земјоделството, енергетската инфраструктура и

пристапот во ЕУ се петте најважни фактори.

Улогата на Групацијата на Банката: Повеќето анкетирани мислат дека трите главни

приоритети на Банката за ПЈР Македонија се: економскиот раст (41%), намалувањето на

сиромаштијата (24%) и пристапот во ЕУ (15%) - според анкетираните на истите три области

Банката треба да се фокусира. Поттикнувањето на еколошки развој исто така е високо на обете

листи.

Ефективност: Банката продолжува да изгледа доста ефективна, добивајќи среден резултат од 6.4

од 10 – слично како и во 2006 година, а поконкретно се гледа како силна во „промовирањето

ефективен развој― со резултат 3,7 од 5 (3,5 во 2006). Анкетираните од владините институции дадоа

подобри оценки додека од академската средина дадоа пониски оценки. Банката се гледа како

најефективна во помошта во развојот на финансискиот систем, унапредувањето на

инфраструктурата и доведување до економски раст. Оценките беа пониски кај намалувањето на

сиромаштијата, зголемувањето на вработеноста и адаптирањето на климатските промени.

Лекции: Резултатите од Анкетата во 2010 се мешани. Општата оценка за ефективноста останува

солидна. Има охрабрувачки напредок во тоа како се перцепира Банката, со подобри оценки кај

оценувањето и соработката со вработените во Банката. Меѓутоа, многу важно е дека резултатите

се послаби во областите кои се доживуваат како најприоритетни, како што се намалувањето на

сиромаштијата и унапредувањето на пристапот во ЕУ. Фокусот во следната СПЗ на растот и на

можноста за вработување се потврди со анкетата, но се потценува предизвикот на преносот на

економскиот раст во подобар живот за Македонците. Следната лекција е дека Банката мора да

продолжи да ја намалува бирократијата и да ги зајакне нејзините услуги за давање знаења,

техничка стручност и советодавни услуги и подобро да ја прилагоди својата работа на

конкретните предизвици на земјата.

Климатски промени: Анкетата на клиентите од 2010 година го воведе фокусот на климатските

промени и наодите се забележливи. Иако не е највисок приоритет, анкетираните силно веруваат

Page 9: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

31

Табела 5: Операции во ФГ11-14

Тековни операции ФГ11-14

Побрз раст:

Конкурентност

Посеопфатен раст: Можност за

вработување и социјална

заштита

Поеколошки раст: Еколошка

одржливост и климатски

акции

Тековни инвестициски проекти (датум на затворање)

Деловно опкружување

Реформа на железниците

ECSEE APL3

Проект за правна и

правосудна имплементација

Втор проект за олеснување

на транспортот и трговијата

Проект за катастар на

недвижности и рег.

Проект за регионални и

локални патишта

Проект за подобрување на

општинските услуги

ФГ11

ФГ11

ФГ11

ФГ12

ФГ12

ФГ14

ФГ14

ФГ14

Модернизација на обр.

Управување со

здравствениот сектор

Заем за спроведување на

соц. заштита (СПИЛ)

Проект за условени

парични трансфери

ФГ11

ФГ11

ФГ11

ФГ14

Проект за одржлива

енергија (ГЕФ)

Проект за зајакнување

на земјоделството и

пристапување

ФГ12

ФГ12

Нови операции ФГ11-12 (датум на почнување)

Дополнително

финансирање (ECSEE

APL3)

ФГ11

ЗРПII ФГ11 Управување со

катастрофи ПОРК

Проект за енергија

(хидро енергија)

ФГ11

ФГ12

Без позајмување (AAA) ФГ11-14 (датум на почнување)

Регионален РЕПАРИС

Високо образование AAA

Нац. студија за набавки

Регионална студија за

иновации во Зап. Балкан

Програмски финансиски

сектор за Западен Балкан

ФГ11

ФГ11

ФГ12

ФГ12

ФГ11-

ФГ14

Програмска проценка на

сиромаштијата во

Западен Балкан

ТП за реформа на

пазарот на трудот

ТП за наука/технологија

ТП за здравствени

политики

ФГ11-

ФГ14

ФГ12

ФГ12

ФГ13

ТП за енергетска

ефикасност

Сеопфатна оценка на

водостопанскиот

сектор

Поеколошки раст и

климатски промени

ТП за земјоделството и

климатските промени,

ТП за градење

капацитети за

водостопанството

ФГ11

ФГ11

ФГ12

ФГ12

ФГ12

дека климатските промени се сериозен проблем и дека треба да се земат во предвид кога ќе се

разговара за политиките во ПЈР Македонија. Исто така, големо мнозинство (68%) сакаат Банката

да биде „доста вклучена― во напорите против климатските промени. Има и силна согласност за

потребата за инвестиции во енергетската ефикасност и обновливите извори и повторно

анкетираните кажаа дека веруваат дека Групацијата на Банката треба да игра улога во

обезбедувањето на овие инвестиции.

Page 10: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

32

63. СПЗ е структурирана да биде делумно флексибилна во ФГ13-14 поради

несигурноста на брзината на економското заздравување и брзината на еволуирањето на

развојните предизвици. Економските и фискалните услови би можеле значително да се

променат во следните неколку години, а од Банката може да се побара да ја прилагоди својата

поддршка на новите околности. Знаењата за заканите поврзани со климата се акумулираат и

новите податоци или наоди може да наметнат потреба од нови стратегии или инструменти.

В. Принципи на ангажирање

64. Изборот на финансиските операции и услуги за пренос на знаења и советодавни

услуги во оваа СПЗ, вклучувајќи ги и програмите што треба да се утврдат во

подоцнежните години бил или ќе биде под влијание на три клучни принципи кои ги

отсликуваат наодите на ИИСЗП, владините приоритети и опкружувањето на во земјата:

Помошта од Групацијата на светска банка ќе биде насочена кон поддршката на

пристапот на ПЈР Македонија во ЕУ. СПЗ ќе и помогне на ПЈР Македонија да ги

развие и да ги усогласи политиките со европското законодавство и да го зајакне

капацитетот на владата за спроведување поврзани политики.

Со СПЗ ќе се обезбедат средства од Групацијата на Светска Банка и од развојните

партнери на ПЈР Македонија. Бидејќи се очекува и јавното и приватното

финансирање да остане ограничено на краток рок, Светска Банка ќе ги капитализира

постојните и новите програми кои вклучуваат повеќе партнери за го максимизира

развојното влијание. На пример, Банката и ИФЦ планираат да го прошират нивниот

интегриран ―one-stop-shop‖ пристап кон реформите на деловната клима и активности

во енергетска ефикасност и обновлива енергија. Банката планира да го прошири својот

ангажман со властите за да и помогне на земјата подобро да ги апсорбира и искористи

ресурсите од други донатори, активно барајќи партнерство за програми поврзани со

СПЗ. На пример, Банката веќе соработува со Шведска и со Норвешка за оценката и

советодавната поддршка за поеколошкиот раст и климатските промени.

Како што беше погоре забележано, СПЗ е структурирана да биде флексибилна во

подоцнежните години поради несигурноста на темпото на економското

заздравување и развојните предизвици кои брзо се менуваат.

65. Обединувајќи ги овие принципи, СПЗ ќе продолжи да станува поселективна и ќе

продолжи со консолидацијата на портфолиото од постојната СПЗ. Селективност

подразбира одлучување каде Групацијата на Светска Банка може ефективно и стратешки да ги

насочи своите оскудни ресурси што во најголем дел зависи од барањата на клиентите и

компаративните предности на Групацијата на Банката. Исто така, селективноста сугерира

поголема анализа за повеќето соодветни механизми за помош од Банката - заемите,

грантовите, техничката помош, аналитичката поддршка или другите средства. Како што се

препорачува со ИИСПЗ, Банката се стреми и да го консолидира портфолиото во помал број

поголеми операции во текот на ФГ11-14 за да ја подобри ефикасноста на нејзината помош.

Целта е да се продолжи со намалувањето на портфолиото започнато со постојната СПЗ и да се

дојде од 14 операции на крајот на ФГ10 на околу седум до крајот на периодот на СПЗ ФГ11-

ФГ14.

Page 11: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

33

66. Освен тоа, програмата на СПЗ отсликува продлабочен подрегионален фокус во

Западен Балкан и Југоисточна Европа. ПЈР Македонија веќе има придобивки од проекти од

Програмата за регионално олеснување на трговијата и транспортот во Југоисточна Европа и

Енергетската заедница на Југоисточна Европа. Во периодот на оваа СПЗ, Банката очекува да

се прошири Програмата за осигурување од ризик од катастрофи (ПОРК) и на ПЈР Македонија,

со особен акцент на климатските промени. Исто така, ПЈР Македонија ќе продолжи да биде

вклучена во регионалната економска и секторска работа (РЕС) како средство за поефикасно

искористување на достапните ресурси на Светска Банка за генерирање знаења. Клучните

области се анализа на сиромаштијата, социјалната политика, иновациите и финансискиот

сектор. Понатаму може да се додадат нови приоритети врз основа на побарувачката на

клиентите и можноста за влијание на темата/секторот на регионално наместо на државно

ниво.

Г. Резултати

67. СПЗ признава дека целите за побрз, посеопфатен и поеколошки раст се меѓусебно

поврзани. На пример, земјоделството е клучно за забрзувањето на растот, а истовремено е

поврзано со поеколошкиот раст и климатските промени. ЗРП за ФГ11 се однесува на

макроекономската стабилност, финансиското зајакнување како и на здравствените и

пензиските реформи и според тоа ќе придонесе за резултатите во областа на побрзиот раст и

социјалната вклученост. Како такво, мапирањето на резултатите од СПЗ во трите области на

ангажирање во СПЗ ја отсликува испреплетената природа на интервенциите. Активностите во

рамки на оваа СПЗ ќе ги земат во предвид и ќе ги капитализираат овие врски и соодветните

можности.

I: Побрз раст - конкурентност

68. СПЗ ќе обезбеди поддршка за подобрување на макроекономската стабилност и на

конкурентноста. ПЈР Македонија, како и многу земји во ЕЦА, се соочува со далеку

попредизвикувачко економско и финансиско опкружување отколку она од пред кризата во

2008 и 2009 година. ЕЦА беше најлошо погодена од сите региони во развој и во транзиција.

Главните трговски и финансиски партнери на ПЈР Македонија се очекува да покажат бавен

развој на краток рок. Исто така капиталот веројатно ќе биде оскуден, а увозот бавен. Во овој

контекст, Групацијата на Банката ќе продолжи тесно да соработува со властите за да утврди

каде може да обезбеди поддршка за подобрување на макроекономската стабилност.

Утврдените интервенции опфаќаат:

69. Резултат на СПЗ – Постојана макроекономска стабилност. Втората операција на

ЗРП ќе помогне да се консолидира макроекономската стабилност преку поддршка на мерки за

одржливо ниво на долгот, продолжување на реформите на пензискиот систем и зајакнување

на системот за финансирање на здравството. Исто така ќе се поддржи отпорноста на

финансискиот сектор преку усвојување нов закон со кој ќе се консолидира независноста и

отчетноста на централната банка, истовремено подобрувајќи ја координацијата помеѓу

централната банка и Министерството за финансии и основајќи Надзорен комитет за

зголемување на капацитети на соодветните тела за надзор. Придружниот фонд го поддржува

спроведувањето на реформите за да се унапреди економскиот раст и создавањето работни

места преку подобрување на инвестиционата клима и зајакнување на управувањето и

ефикасноста на јавниот сектор.

Page 12: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

34

70. Резултат на СПЗ – Земјишна реформа: воспоставување ефикасен систем на

земјишната администрација. Проектот за катастар на недвижности и регистрација од ФГ05

го поддржува развојот на ефикасен и ефективен катастар на недвижности и систем на

регистрација заради развој на пазарите на земјиште и недвижности. Дополнително

финансирање за овој проект е одобрено во ФГ10 што ќе го продолжи рокот за затворање на

проектот до декември 2013 година. Активностите планирани во рамките на оваа СПЗ

опфаќаат поддршка на дигитализацијата и векторизацијата на катастарските мапи, олеснување

на споделувањето на податоците помеѓу јавните, приватните и владините институции,

надградба на националната геодетска референтна инфраструктура и поддршка на развојот на

инфраструктурата за националните просторни податоци во согласност со Директивата на ЕУ

„INSPIRE―. Со проектот ќе се изгради и капацитет во Управата за имотноправни прашања која

ги надгледува имотните и правните прашања во кои се вклучени јавни органи и агенции.

71. Резултат на СПЗ – Реформа на судството: Подобрување на ефикасноста на

судскиот систем и подобрување на судската инфраструктура. Проектот за правна и

правосудна имплементација од ФГ06, кој се очекува да се затвори во јули 2011 година, ќе

продолжи да ја подобрува ефикасноста и ефективноста на судските услуги. Останатите

активности ќе имаат за цел да ги зајакнат судските институции, да го поддржат

спроведувањето на новото законодавство за стечај, да развијат рамка за управните спорови

преку подобрување на судскиот менаџмент и да инвестираат во судската инфраструктура како

што е изградбата и рехабилитацијата на судските згради и подобрување на информатичките

системи во судството. И ИФЦ придонесуваше во судската реформа и пристапот до правдата

преку Проектот за разрешување на алтернативните спорови со кој се промовира употребата на

медијацијата како алтернатива на судските постапки.

72. Резултат на СПЗ – Општински услуги: подобрување на локалните услуги и

инфраструктура во избрани области. Проектот за подобрување на општинските услуги, кој

почна на средината на 2009 година, ќе им помогне на избрани општини: (1) да ги подобрат

финансиските резултати на конкретните инвестиции и (2) да изгради капацитет во општините

и нивните комунални претпријатија, особено со финансиски реформи, подобрување на

комуникациите со жителите и зголемување на транспарентноста – мерено преку учество во

меѓународните стандарди. Досега, проектот предизвика интерес кај десеттина општини и

повеќето средства од фондовите се очекува да бидат искористени во следните две години.

73. Резултат на СПЗ – Патишта: подобрување на патната инфраструктура и

отпорноста на климатските промени и зајакнување на управните капацитети. Проектот

за поддршка на програмата за регионалните и локалните патишта од ФГ08, кој треба да се

затвори во 2013 година, ќе продолжи да ги гради капацитетите на Агенцијата за државни

патишта и ќе инвестира во рехабилитација на регионалната и локалната патна мрежа заради

проширување на пристапот до изолираните заедници и пазари. Вториот проект за олеснување

на трговијата и транспортот од ФГ07 кој се затвора во ФГ11, ќе продолжи со напорите за

намалување на транспортните и товарните трошоци, особено преку подобрување на објектите

на граничните премини, надградувајќи делница од патниот коридор до стандардите за автопат

и усогласување и подобрување на размената на телекомуникациските и транспортните

податоци помеѓу железницата и царината. Во рамките на овој проект, времето за обработка на

пратките ќе се намали и нетарифните трговски пречки помеѓу ПЈР Македонија и нејзините

Page 13: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

35

соседи ќе се отстранат. ИФЦ ќе ја разгледа својата поддршка за структурирање на ЈПП за

модернизирање и управување со системот на патишта за кои се плаќаат патарини во

коридорот Х и концесијата за автоматите од коридорот VIII.

74. Резултат на СПЗ – Образование: подобрување на квалитетот на високото

образование. Со техничката помош од Светска Банка во ФГ11/12 ќе се поддржи

Министерството за образование и наука и донесувањето политики засновани на информации

околу финансирањето на високото образование, вклучувајќи и основање тела за надворешно

осигурување на квалитетот во согласност со добрите практики и европските договори и

насоки и ќе се поддржи развојот на внатрешното осигурување на квалитетот. Во

прелиминарните дискусии, Владата изрази интерес за истражување на можностите за

продолжеток на проектот за образование во подоцнежните години на СПЗ.

75. Резултат на СПЗ – Зголемување на финансирањето и инвестициите во

конкурентските полиња. ПЈР Македонија има потенцијал за диверзифицирана економија и

за значајни инвестиции и извоз, меѓу другото, вклучувајќи и автомобилски компоненти,

здравствени производи и лекови, агробизнис и преработка на храна и метали и метални

производи. Иако ПЈР Македонија создаде специјализирана агенција за странски инвестиции,

со задача да привлекува СДИ во овие и други сектори, приливот на капитал останува под

очекувањата. Во овој контекст, ИФЦ ќе продолжи да ги поддржува програмите од оваа СПЗ

со кои се подобрува деловното опкружување во земјата и се промовира финансирањето и

инвестициите во конкурентните сектори. Преки регионалната програма за инвестициона

клима, ИФЦ ќе и помогне да ПЈР Македонија да го подобри нејзиното деловно опкружување

во согласност со општата агенда за пристап во ЕУ, вклучувајќи ги и даночната

администрација и трговската логистика. ИФЦ очекува да обезбеди актива и долгорочно

финансирање и советодавна помош за комерцијалните банки за да го поддржи кредитирањето

на МСП, земјоделските претпријатија и трговските финансии, вклучувајќи и преку

Програмата за глобално финансирање на трговијата на ИФЦ. ИФЦ ќе ги истражи можностите

за финансирање на конкурентни домашни компании во областа на фармацијата, градежните

материјали и здравството. Паралелно, ИФЦ ќе се фокусира на поддршката на регионалните

играчи и на инвестициите југ - југ, особено во секторите во кои ПЈР Македонија има јасна

конкурентска предност за извоз. Преку нејзините програми и технички регулативи за

корпоративно управување и меѓународни стандарди со фокусот на агробизнисот, ИФЦ ќе

продолжи да им помага на приватните компании да го подобруваат својот пристап до

финансии и зголемување на нивниот извоз.

II: Посеопфатен раст – можност за вработување и социјална заштита

76. Банката ќе продолжи да ги поддржува иновативните и ефективните инвестиции

во социјалната заштита и човечкиот капитал. Неуспехот досегашниот раст да се преведе

во пониска сиромаштија ги прави поважни напорите на Банката за поддршка на владините

напори да допре до најсиромашните и најранливите. Истовремено, важноста на човечкиот

капитал за долгорочната конкурентност на ПЈР Македонија и за создавањето на работни места

ја прави помошта во образованието неопходна.

Page 14: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

36

77. Резултат на СПЗ – Мрежа за социјална заштита: паричните надоместоци

доаѓаат до најранливите. Проектот за условени парични трансфери (УПТ) од ФГ09 ќе

придонесе за социјалната заштита и човечкиот капитал. Оваа програма, прва од тој вид во

ЕЦА, ќе ги услови паричните надоместоци со запишување во средно образование и ќе биде

проширена и на основното и предучилишното како и на здравството и на програмите за обука

на возрасни. Исто така, проектот за УПТ има за цел да ја подобри администрацијата на

услугите во рамките на мрежата на социјалната заштита, вклучувајќи и механизми за надзор,

извршување на услугите и следење и оценка. Усогласувањето на програмите што се

преклопуваат е друго средство за подобрување на постојниот систем кој има постигнато

широк опфат и ефективно насочување. Пошироко, проектот има за цел да ја искористи

зголемената ефикасност за да реализира фискални заштеди кои може да создадат простор за

зголемување на расходите за социјална помош, која со 1 процент од БДП е ниска во споредба

со просекот во ЕЦА (1,7%) и ОЕЦД (2,5%).

78. Резултат на СПЗ – Здравство: подобрување на резултатите на здравството. И

покрај подобрувањето на здравствената заштита и резултатите од финансирањето со повеќе

инвестиции канализирани преку политики и инвестиции финансирани од Светска Банка во

последните десет години, сеуште постои простор за понатамошно ангажирање на Банката во

здравствениот сектор. Како такво, здравството не е опфатено со европското законодавство,

што ја покажува важноста на постојаното ангажирање на Банката во сектор во кој има

изградено врски и важни знаења во земјата. Со ЗРП се утврдени некои од областите на

политиките во кои Банката може да обезбеди совети преку незаемска техничка помош (ТП).

Исто така, Владата изрази интерес за можен инвестиционен кредит во подоцнежните години

на СПЗ за да се справи со области како што е намалувањето на финансиската ранливост на

системот и спречувањето на влошувањето на здравствените резултати.

79. Резултат на СПЗ – Можност за вработување: намалување на пречките за

вработување. Предложениот ЗПР за ФГ11 ќе помогне да се зајакне деловната клима преку

поддршка на намаленото даночно оптоварување на платите, поефикасни расходи во јавниот

сектор и реформи на финансискиот сектор. Клучните реформи опфаќаат намалување на

придонесите за социјално осигурување на 27 проценти од бруто платата и мерки за заштита на

долгорочната одржливост на пензискиот и на здравствениот сектор. Исто така со ЗРП за ФГ11

ќе се поддржат напорите на Владата за ограничување на растот на платите во јавниот сектор и

подобрување на процесот преку кој се утврдуваат платите во јавниот сектор. Поддршката со

ЗРП ќе биде поврзана со подобрувања во мрежата за социјална заштита, вклучувајќи и

подобрено насочување на правата.

III: Поеколошки раст – Еколошка одржливост и климатски акции

80. Банката ќе преземе голема програма за аналитичка работа со која ќе и се помогне

на ПЈР Македонија подобро да го разбере макроекономскиот предмет за инвестирање во

зелените сектори и за „озеленување“ на кафеавите сектори како стимуланс за посилен

раст. Оваа работа иницијално ќе се фокусира на клучните области каде Банката поддржува

тековни или планирани програми, како што се во енергетиката, водостопанството,

транспортот, земјоделството, урбаниот развој, земјишната администрација, образованието и

набавките. Меѓу другото, оваа програма ќе помогне и да се унапреди адаптацијата на

климатските промени и да се намали растот на јаглеродните емисии во политики и одлуки за

инвестиционо планирање. Заемите спроведени во рамките на овој столб ќе служат како важна

Page 15: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

37

платформа за учење како целите за еколошки раст може да бидат постигнати преку

инвестиции – на начини поексплицитни отколку во претходните операции.

81. Резултат на СПЗ – Енергетика: подобрување на ефикасноста во енергетскиот

сектор и на еколошката одржливост. Ова е област каде Групацијата на Светска Банка

може да постигне синергија во поддршката на посилни и поодржливи резултати на СПЗ:

ИФЦ ќе придонесе за поефикасен енергетски сектор преку поддршка на јавно-

приватно партнерство за „поеколошка“ енергија. Особен фокус ќе се стави на

поддршката на изградбата на нови хидроцентрали. Иако Владата неодамна донесе нов

Закон за концесии кој генерално е во согласност со најдобрите меѓународни практики,

сеуште треба да се усвојат многу подзаконски акти и регулативи. Исто така, Владата има

ограничено искуство во спроведувањето на проекти со ЈПП. ИФЦ може да игра важна

улога преку финансирање и преку советодавни услуги. Планира да обезбеди советодавна

помош и долгорочно финансирање за банките да се поддржи понатамошното финансирање

на проекти за мали хидроцентрали. На пример, ИФЦ спроведува нова регионална

програма за советодавни услуги насловена како „Обновливата енергија во Западен Балкан,

со фокус на малите хидроцентрали― со која се поддржуваат инвестиции во ПЈР

Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина. Овој проект се очекува да донесе над 300

милиони УСД за финансирање, вклучувајќи и 30 милиони УСД од ИФЦ, за поддршка на

изградбата на 100 мали хидроцентрали со вкупен инсталиран капацитет од 200 MW и

намалување на јаглеродните емисии за 1Mt CO2/година. Клучните цели на проектот се: (1)

подобрување на постојната регулативна рамка за да им се овозможи на спонзорите да

развијат и изградат мали хидроцентрали; (2) зајакнување на нивните дизајни и деловни

планови во соработка со спонзорите и (3) работа со избрани финансиски институции во

западен Балкан за да се подобрат нивните капацитети и знаења за малите хидроцентрали и

за финансирање на проекти кои можат да вклучат и обезбедување средства од ИФЦ на

финансиските институции и понатамошно позајмување за мали хидро проекти.

ИФЦ ќе бара можности за заедничка работа со финансиски институции од ПЈР

Македонија кои ќе сакаат да даваат кредити на индустрискиот сектор за

подобрување на енергетската ефикасност или за утврдување мали проекти за

енергетска ефикасност (мали хидроцентрали, ветер, биомаса итн.). ИФЦ ќе го

канализира финансирањето и советодавната помош за поддршка на програмите за

одржлива енергија, особено за реплицирање на програмите за енергетска ефикасност кај

домаќинствата и малите и средни претпријатија (МСП) и за промовирање на

финансирањето на проекти за одржлива енергија од локалните банки. Овие активности би

биле проследени со работилници и семинари за пошироката јавност за да се промовираат

енергетската ефикасност и најдобрите технологии за обновлива енергија. Продуктите за

енергетска ефикасност можат да ги интересираат МСП бидејќи им помагаат да ги намалат

трошоците за производство преку користење енергетски поефикасна опрема и да ја

подобрат својата конкурентност.

И МБОР ќе го поддржи енергетскиот сектор. Дополнителни средства за Енергетската

заедница на Југоисточна Европа (ЕЗЈИЕ) АПЛ 3 се предлага за ФГ11 за проширување на

врската за пренос на струја од Штип во Источна Македонија до Ниш во Србија. Владата

побара од Банката поддршка во ФГ12 за хидроелектричната централа во Луково Поле во

северозападниот дел од земјата и може да се интересира за проект за енергетска

ефикасност за училиштата и здравствените објекти во ФГ13. Овие проекти ќе помогнат да

Page 16: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

38

се задоволи и/или намали побарувачката за енергија која во следната деценија се очекува

да расте за 2,6 проценти годишно. Овие цели се важни бидејќи повеќе од половината

анкетирани македонски фирми се изјасниле дека снабдувањето со електрична енергија им

претставува проблем. Тековниот проект на ГЕФ за одржлива енергија ќе ја поддржи

владата во утврдувањето голема национална програма за реновирање на јавните згради за

да се зголеми нивната енергетска ефикасност. Ќе обезбеди поддршка за градење

капацитети за оваа национална програма, а во исто време ќе ги финансира мерките за

енергетска ефикасност во училиштата, градинките и болниците. ЕЗЈИЕ АПЛ 3 ја

поддржува „зелената агенда― преку намалување на загубите на електрична енергија и

зголемување на стабилноста на електроенергетскиот систем главно преку зајакнување на

преносната мрежа. Планираната ТП за енергетска ефикасност во ФГ11/12 ќе и помогне на

Владата да го зајакне институционалниот капацитет на клучните агенции кои вршат

надзор над употребата на енергијата, ќе го заживее пазарот на услуги за енергетска

ефикасност и ќе се справи со тарифните структури и со другите регулативни бариери за

енергетската ефикасност. Банката ќе и помогне на ПЈР Македонија да ги исполни своите

обврски од европското енергетско законодавство и од Договорот за енергетската заедница.

Овие активности ќе се координираат со техничката помош финансирана од ЕК за

регулаторната агенција и ќе вклучат регионална програма управувана од Институтот на

Светска Банка за градење институционален капацитет за енергетската ефикасност.

82. Резултат на СПЗ – Водостопанство и цврст отпад: зајакнување на капацитетот

за интегрирано управување со водите во согласност со Рамковната директива за води на

ЕУ. Управувањето со водите во ПЈР Македонија се соочува со многу предизвици, вклучувајќи

го и усогласувањето на секторот со европското законодавство за животна средина кое

пропишува поинтегриран пристап во управувањето со водните ресурси одговарајќи на

барањата и интересите, меѓу другите, и на земјоделството, енергетиката и заштитата на

природните ресурси. Планираната ТП за градење капацитети во водостопанскиот сектор во

ФГ11/12, финансирана од донаторски фондови, ќе помогне да се поддржат реформските

напори на Владата и анализата да се фокусира на приоритетните прашања поврзани со водите.

Студиите може да определат начини за поефикасно управување со снабдувањето со вода на

големо, да определат пилот речен слив во определено географско подрачје или да развијат

приоритетни инвестициски програми на ниво на сектор. За да се постигне синергија на

програмите, Проектот за подобрување на општинските услуги на општините им дава заеми за

покривање на расходите на јавните претпријатија за рехабилитација на водоводната

инфраструктура, истовремено охрабрувајќи ги институционалните реформи преку

компонентата за грантови базирани на резултати. ИФЦ ќе ја разгледа можноста за советодавна

поддршка на поголемите општини во земјата за справување со нивните еколошки прашања

преку обезбедување поддршка за концесионерите во управувањето со цврстиот отпад или во

идни проекти за отпадни води.

83. Резултат на СПЗ – Земјоделство: Усогласување на секторот со условите на ЕУ;

зајакнување на конкурентноста на секторот; адаптирање на климатските промени.

Земјоделството игра важна улога во македонската економија и сочинува 18 проценти од БДП

и значителен дел од вработеноста во руралните области, каде 21 процент од населението

живее во сиромаштија. Проектот за зајакнување на земјоделството и пристапување од ФГ07 ќе

продолжи со напорите за зајакнување на институционалниот капацитет на Министерството за

земјоделство да ги дистрибуира фондовите на ЕУ за рурален развој, да го преструктуира

системот за наводнување и да развие ветеринарен капацитет за систем за безбедност на

храната усогласен со ЕУ. Исто така, со проектот се поддржува развојот и дистрибуцијата до

Page 17: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

39

фармерите на Кодексот на добри земјоделски практики во кој се интегрира биодиверзитетот и

земјоделството и се промовира одржливото управување со почвата и водата. Програмата за

ТП за земјоделството и климатските промени во ФГ10, финансирана од регионалниот фонд, ја

подига свеста за потенцијалните импликации од климатските промени. Со неа ќе се

спонзорира и оценка на влијанието на климатските промени врз земјоделството и ќе се развие

група можности за адаптација специфични за земјата во консултација со Владата и

партнерите.

84. Резултат на СПЗ – Креирање политики за еколошки раст и климатска акција:

информирање и поддршка на решенија каде сите добиваат. Освен конкретните

инвестиции, Групацијата на Банката и Владата се согласуваат дека треба многу повеќе да се

разбере за можните влијанија на климатските промени врз развојот и за можностите за

еколошки раст. И другите развојни партнери на ПЈР Македонија го споделуваат ова гледиште.

Банката, со предвидената финансиска помош од Шведска и Норвешка, ќе ја поддржи Владата

во развојот на препораки за политиките поврзани со климатските промени, одржливиот развој

и еколошкиот развој, фокусирајќи се на утврдувањето инвестиции во високо приоритетните

области од кои сите добиваат. Поддршката ќе се обезбеди преку белешки за политиките во

областа на енергетиката, водостопанството, земјоделството, индустријата и транспортот, со

кои ќе се оценат економските трошоци и придобивки од активностите на политиките за

еколошкиот раст и климатските промени. Исто така, Светска Банка ќе ја поддржи Владата во

спроведувањето на нејзините одлуки преку вклучување на овие препораки во нејзините

инвестициони програми, секаде каде што е можно. Оваа аналитичка работа ќе почне во 2010

година и нејзините резултати ќе обезбедат информации за идната поддршка од Светска

Банка.14

85. Банката ќе и помогне на Владата да воспостави ново осигурување од ризик од

катастрофи. Светска Банка и Владата работата на македонското учество во Проектот за

осигурување од ризик од катастрофи во Југоисточна Европа и Кавказот (ПОРК ЈИЕК).

Општата цел на ПОРК ЈИЕК е да го подобри пристапот до финансиска заштита за Владата

како и за сопствениците на домови, фармерите и малите и средни претпријатија (МСП) од

загуби кои се резултат на екстремни временски услови предизвикани од климатските промени

и гео-ризиците, како што се земјотресите, лизгањата на земјиште, сушите, поплавите, градот

итн. ПОРК се очекува на Владата да и обезбеди особена поддршка во предвидувањето на

влијанијата поврзани со климата. Светска Банка ќе обезбеди заем од МБОР за да го финансира

учеството на ПЈР Македонија во проектот.

Д. Програма за финансирање на СПЗ

86. Значителен удел во финансирањето од МБОР во ФГ11-ФГ14 ќе дојде од

тековните операции одобрени за време на претходната СПЗ. Вкупните преостанати

повлекувања во периодот на СПЗ за ФГ11-14 се очекува да изнесуваат околу 205 милиони

УСД.

14 Шведска и Норвешка изразија интерес да ја поддржат Светска Банка во спроведувањето на оваа СПЗ со

околу 2 милиони УСД за создавање фонд од повеќе донатори за да се кофинансираат „оценката и

советодавните услуги за еколошкиот раст и климатските промени― заедно со Светска Банка. Работата

поврзана со „оценката и советодавните услуги за еколошкиот раст и климатските промени― е дизајнирана да

привлече поддршка и од други меѓународни партнери.

Page 18: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

40

87. Вкупниот обем на нови обврски на МБОР според СПЗ во ФГ11 и ФГ12 се очекува

да изнесуваат околу 104 милиони УСД. Владата побара вкупна рамка која би имплицирала

позајмување на слични износи во ФГ13 и ФГ14. Вкупните износи на заеми ќе зависат од

капацитетот за позајмување на МБОР и од побарувачката од други заемопримачи како и од

барањата на Владата и од извршувањето во текот на периодот на СПЗ. Програмата за

позајмување за последните две години на СПЗ подетално ќе се разгледа со властите при

среднорочниот преглед на СПЗ. Со СПЗ се планира да се вклучи позајмување базирано на

политики, почнувајќи со 30 милиони УСД за втората операција на програмскиот ЗРП во ФГ11.

Операцијата за ДПЛ ќе се фокусира на управувањето со јавните расходи и на реформите на

мрежата за социјална заштита. Подоцнежните ЗРП ќе се фокусираат или на растот и

конкурентноста и/или на еколошкиот раст што ќе биде резултат на аналитичката работа што

треба да почне во ФГ11.

88. Износот за буџетска поддршка за време на СПЗ би можел да биде под влијание на

растот и од економските перформанси на ПЈР Македонија, особено земајќи го во

предвид несигурното регионално опкружување. На пример, ако земјата е тешко погодена

од негативните економски настани во еврозоната, може да биде заинтересирана за поголема

поддршка од ЗРП условена со цврста макроекономска рамка. Ако има потреба за значителни

промени во постојниот ЗРП како резултат на овие или други фактори, со управата на Банката

ќе се разгледаат алтернативни сценарија и ќе му се презентираат на одборот со ИНСПЗ.

89. ИФЦ очекува да инвестира до 100 милиони УСД во приватниот сектор во ПЈР

Македонија во следните четири години. Исто така планира да ги понуди своите

советодавни услуги за да обезбеди приватно финансирање за нови хидроцентрали, ветерни

фарми, работа и одржување на патиштата, водоснабдување, здравство и управување со

цврстиот отпад.

Табела 6: Предлог индикативна програма на заеми на МБОР по фискални години

ФГ11 милиони УСД

Втор програмски заем за развојни политики 30

Дополнително финансирање (ECSEE APL3) 19

Управување со катастрофи ПОРК 5

Вкупно ФГ11 54

ФГ12

Проект за хидроенергија 50

Вкупно ФГ12 50

Можни заеми

ФГ13 и 14* ТДСО

ЗРП за раст

Енергетска ефикасност

Образование

Здравство

Наука, технологија, иновации

Дополнително финансирање за општински инвестиции

ВКУПНО ТДСО

Page 19: communautaire - siteresources.worldbank.orgsiteresources.worldbank.org/MACEDONIAEXTN/Resources/IV.pdf · Примери за тоа се ... Деловна ... на Техничка

41

* Погоре наведените операции претставуваат мени на можни области за идна

финансиска поддршка. Реалните операции за позајмување за ФГ13-14 ќе бидат

разгледани во годишните прегледи на владините приоритети земајќи ја во

предвид потребата за поголема селективност и консолидација на портфолиото и

ќе бидат искажани во Извештајот за напредокот на СПЗ.

Ѓ. Програмата на знаења во СПЗ

90. Анкетата на клиентите во 2010 година и процесот на консултации за СПЗ

покажаа силна поддршка за продолжување со аналитичкиот ангажман на Групацијата

на Банката. Навистина, повисок процент анкетирани се изјаснија дека знаењата на Банката

имаат најголема вредност за ПЈР Македонија, отколку оние кои одговорија дека тоа се

„финансиските ресурси―, а кога се изјаснуваа за „економските совети и советите за

политиките― како одделна категорија, процентот е повеќе од двојно поголем отколку за

категоријата финансиски ресурси. Што се однесува до областите за кои анкетираните веруваат

дека знаењето на Банката е најрелевантно, одговорите беа следните: „Пазари на трудот и

создавање нови работни места― (26%), следени од земјоделството (18%) и образованието

(16%). Групацијата на Банката предвидува активна програма за аналитичко ангажирање во

ПЈР Македонија, вклучувајќи ги и областите од највисок приоритет утврдени во анкетата.

Одредени области на ангажирање се: во ФГ11, Банката ќе обезбеди техничка помош (ТП) за

енергетска ефикасност и за високо образование и ќе направи сеопфатна оценка на

водостопанскиот сектор. Понатаму, во втората година на СПЗ, ФГ12, Банката има намера да

направи голема аналитичка студија за поеколошкиот раст и климатските промени со

предвидената помош од фондот на Шведска и Норвешка, национална студија за набавки, ТП

за реформа на пазарот на работна сила како и ТП без заем за поддршка на владината агенда за

иновации и наука и технологија. Плановите за ФГ13 опфаќаат ТП без заем во здравствениот

сектор.

91. И програмите за знаења на Банката и ИФЦ помагаат да се унапреди

регионалната интеграција на ПЈР Македонија во Западен Балкан. ИФЦ ќе продолжи со

спроведувањето на нејзината главно регионална програма на советодавни услуги. Тие имаат

за цел да и помогнат на ПЈР Македонија да ги задоволи условите од европското законодавство

за забрзување на приемот во ЕУ и за зајакнување на деловното опкружување и на капацитетот

на локалниот приватен сектор да се соочи со поинтегрираниот европски пазар. Со програмата

се поддржува и интеграцијата во под - регионот на Западен Балкан преку формалното

споделувања на искуствата и најдобрите практики од реформите. Банката ќе спроведе

поголема регионална секторска работа, вклучувајќи и две тековни програмски серии –

Проценка на сиромаштијата во Западен Балкан и ТП за финансискиот сектор во Западен

Балкан. Исто така, Банката ќе спроведе Регионална студија за иновациите во Западен Балкан и

ќе продолжи со регионалната програма РЕПАРИС (Пат за Европа – Програма за реформа на

сметководството и институционално зајакнување) за зајакнување на корпоративното

финансиско известување.